потцени
Значење на потцени:
Оцени подолу од вистинската вредност. Непријателот ја потцени нашата сила. Другарите го потценија неговото знаење.Конјугација: потценат.
Изведени зборови:
- потценување, глаг. им. ср.
- се ~ потцени, Самиот се оцени пониско, се омаловажи. Тој се потценуваше себеси пред другите.
- (се) потценува, глаг. несв. (се) потценуваат
Оригинални податоци:
потцени, потценат св. Оцени подолу од вистинската вредност. Непријателот ја потцени нашата сила. Другарите го потценија неговото знаење. ● се ~ Самиот се оцени пониско, се омаловажи. Тој се потценуваше себеси пред другите. ‖ (се) потценува, (се) потценуваат несв. ‖ глаг. им. потценување ср.