потцрта

Глагол, свршен

Значење на потцрта:

1. Стави црта под напишан збор, реченица; подвлече. Тој ги потцрта последните зборови од расказот.

2. (прен.) Подвлече, истакне во усна и во писмена реч. Во неговиот говор тој го потцрта социјалниот момент во општеството.

Коњугација: потцртаат.

Изведени зборови:

  • потцртува, глаг. несв. потцртуваат
  • потцртување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

потцрта, потцртаат св. 1. Стави црта под напишан збор, реченица; подвлече. Тој ги потцрта последните зборови од расказот. 2. (прен.) Подвлече, истакне во усна и во писмена реч. Во неговиот говор тој го потцрта социјалниот момент во општеството. ‖ потцртува, потцртуваат несв. ‖ глаг. им. потцртување ср.