потече 1

Глагол, свршен

Значење на потече:

1. За вода, течност – почне да тече. Реката потекла матна и пенлива. Од очите му потекоа солзи. Од босата нога му потече крв.

2. (прен.) Почне да се движи во мноштво, во маса. Тогаш ја виде реката од луѓе што потече кон мостот. Човечката маса потече со викотници спроти нив.

3. (прен.) а) За зборови, чувства, мисли, мирис и сл. – почне да се шири на сите страни. Во собата потече мирисот на липите. Низ отворената врата потече светлина. Штом зборовите ќе потечеа од неговата уста, сите забораваа на сѐ. б) Продолжи непрекинато да се одвива. Потече сега друг, нов, тежок живот. Вечерта почна и потече во најубав ред. Откако ќе заминам, пак ќе си потече сѐ по старо.

4. Тече малку, кратко време. Чешмата потече и запре.

Конјугација: (ќе) потечеа , (ќе) потечел , (ќе) потечеше , потекле , потекоа , потекол , потечат , потече , потечен, потечете , потечи .

Изведени зборови:

  • потекува, глаг. несв. потекуваат -- потечува, потечуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Му потекоа лиги – почувствува силна желба да вкуси нешто.

Оригинални податоци:

потече1, потечат; потечи, потечете; потече, потекоа; потекол, потекле; (ќе) потечеше, (ќе) потечеа; (ќе) потечел; потечен св. 1. За вода, течност – почне да тече. Реката потекла матна и пенлива. Од очите му потекоа солзи. Од босата нога му потече крв. 2. (прен.) Почне да се движи во мноштво, во маса. Тогаш ја виде реката од луѓе што потече кон мостот. Човечката маса потече со викотници спроти нив. 3. (прен.) а) За зборови, чувства, мисли, мирис и сл. – почне да се шири на сите страни. Во собата потече мирисот на липите. Низ отворената врата потече светлина. Штом зборовите ќе потечеа од неговата уста, сите забораваа на сѐ. б) Продолжи непрекинато да се одвива. Потече сега друг, нов, тежок живот. Вечерта почна и потече во најубав ред. Откако ќе заминам, пак ќе си потече сѐ по старо. 4. Тече малку, кратко време. Чешмата потече и запре. ◊ Му потекоа лиги – почувствува силна желба да вкуси нешто. ‖ потекува, потекуваат / потечува, потечуваат несв.