потег
Значење на потег:
1. Црта, линија како основен елемент при цртањето, сликањето. Неговата сликарска техника се карактеризира со широки потези.
2. Во шахот – едно движење на фигурата. По неколку потези противникот му понуди реми.
3. Движење со рака или со некаков предмет. Таа со остри потези ги подвлекуваше грешките во писмените задачи. Со брз потег го извадил од под пазуви својот нож.
4. (прен.) Постапка, гест направени со некаква намера, цел. Погрешен потег. Умен потег. Тие го ценеа неговиот дипломатски потег.
5. (прен.) Обележје, карактеристика, детаљ. Писателот со неколку потези ни го соопштува целиот настан.
Множина: потези.
Фразеолошки израз / поговорка:
Со еден потег – а) непрекинато; б) брзо одлучи за нешто важно.
Оригинални податоци:
потег, мн. потези м. 1. Црта, линија како основен елемент при цртањето, сликањето. Неговата сликарска техника се карактеризира со широки потези. 2. Во шахот – едно движење на фигурата. По неколку потези противникот му понуди реми. 3. Движење со рака или со некаков предмет. Таа со остри потези ги подвлекуваше грешките во писмените задачи. Со брз потег го извадил од под пазуви својот нож. 4. (прен.) Постапка, гест направени со некаква намера, цел. Погрешен потег. Умен потег. Тие го ценеа неговиот дипломатски потег. 5. (прен.) Обележје, карактеристика, детаљ. Писателот со неколку потези ни го соопштува целиот настан. ◊ Со еден потег – а) непрекинато; б) брзо одлучи за нешто важно.