потегне
Значење на потегне:
1. Потргне нешто со влечење, повлече. Впрегнатите коњи го потегнаа железниот труп на косачката. Малиот го потегна човекот за ракавот.
2. а) (разг.) Пие, голтне. Потегна од шишето ракија што стоеше на масата. б) Вовлече во себе, вдиши. Тој потегна само два-три дима од цигарата и ја згасна.
3. (прен.) Изнесе, стави на дневен ред. Му беше тешко да потегне разговор за тоа.
4. (народ. поез.) Тргне да оди некаде.
5. Тегне, потегне малку. Потегни ги малку уздите.
6. (прен.) Страда некое време.
7. Испука куршум од пушка, топ и сл. Ја стисна пушката во дланките и потегна.
Коњугација: (ќе) потегнеа , (ќе) потегнев , (ќе) потегнел, потегнаа , потегнав , потегнал , потегнат , потегнат , потегнете , потегни .
Изведени зборови:
- потегнува, глаг. несв. потегнуваат
- потегнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
потегне, потегнат; потегни, потегнете; потегнав, потегнаа; потегнал; потегнат; (ќе) потегнев, (ќе) потегнеа; (ќе) потегнел св. 1. Потргне нешто со влечење, повлече. Впрегнатите коњи го потегнаа железниот труп на косачката. Малиот го потегна човекот за ракавот. 2. а) (разг.) Пие, голтне. Потегна од шишето ракија што стоеше на масата. б) Вовлече во себе, вдиши. Тој потегна само два-три дима од цигарата и ја згасна. 3. (прен.) Изнесе, стави на дневен ред. Му беше тешко да потегне разговор за тоа. 4. (народ. поез.) Тргне да оди некаде. 5. Тегне, потегне малку. Потегни ги малку уздите. 6. (прен.) Страда некое време. 7. Испука куршум од пушка, топ и сл. Ја стисна пушката во дланките и потегна. ‖ потегнува, потегнуваат несв. ‖ глаг. им. потегнување ср.