потемни
Значење на потемни:
1. Направи нешто да стане темно. Тешки облаци го потемнија небото.
2. (прен.) Ослаби, намали вредност, важност. Злонамерните критики не можеа да ја потемнат неговата слава.
3. Стане темен. Шумата потемне и се престори во ноќ. Нејзиното суво, збрчкано лице потемне.
Конјугација: (го) потемнив , (го) потемнија , (го) потемнил , потемнат , потемнеа , потемнев , потемнел , потемнет, потемнете , потемни .
Изведени зборови:
- потемнува, глаг. несв. потемнуваат
- потемнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
потемни, потемнат; потемни, потемнете; потемнев, потемнеа; потемнел; (го) потемнив, (го) потемнија; (го) потемнил; потемнет св. 1. Направи нешто да стане темно. Тешки облаци го потемнија небото. 2. (прен.) Ослаби, намали вредност, важност. Злонамерните критики не можеа да ја потемнат неговата слава. 3. Стане темен. Шумата потемне и се престори во ноќ. Нејзиното суво, збрчкано лице потемне. ‖ потемнува, потемнуваат несв. ‖ глаг. им. потемнување ср.