потен
Значење на потен:
1. Што е облеан со пот по кожата. Тој влезе во собата сиот задишан и потен. Го извади марамчето и си го избриша потното чело.
2. Што е натопен со пот. Мајката му ја преслече потната маица на детето.
3. (ретко) Што е оросен со капки слични на пот. Потните прозори беа замаглени.
Членувана форма: потниот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Потни жлезди – (анат.) жлезди што лачат пот. Потен ручек е секогаш поблаг – што е стекнат, спечален со пот, со работа.
Оригинални податоци:
потен, потниот прид. 1. Што е облеан со пот по кожата. Тој влезе во собата сиот задишан и потен. Го извади марамчето и си го избриша потното чело. 2. Што е натопен со пот. Мајката му ја преслече потната маица на детето. 3. (ретко) Што е оросен со капки слични на пот. Потните прозори беа замаглени. ◊ Потни жлезди – (анат.) жлезди што лачат пот. Потен ручек е секогаш поблаг – што е стекнат, спечален со пот, со работа.