потера

Глагол, свршен

Значење на потера:

1. Почне да гони некого или нешто; подгони. Тој ја зеде прачката и го потера коњот. Овчарите го потераа стадото. Луѓето ги потерале врзани в град.

2. Натера, принуди некого да изврши нешто. Потерај го син ти да го врати тоа што го зеде.

3. За растение – почне да расте, пушти пупки, лисје. Секој ден тој поминуваше да види дали потерало крувчето. Отстрана беше потерал шамак.

4. Навлезе во определена година од возраста. Детето ја потера деветтата година.

5. Тера малку, кратко време. Потераа малку лутина, па се смирија.

6. (прен.) Почне да прави, да пројавува нешто. Потерале малку ќеф. Потера инает. Од него не можевме да потераме работа.

Коњугација: потераат.

Изведени зборови:

  • потерување, глаг. им. ср.
  • се ~ потера, Почнат да се гонат еден со друг, заемно.
  • (се) потерува, глаг. несв. (се) потеруваат

Оригинални податоци:

потера, потераат св. 1. Почне да гони некого или нешто; подгони. Тој ја зеде прачката и го потера коњот. Овчарите го потераа стадото. Луѓето ги потерале врзани в град. 2. Натера, принуди некого да изврши нешто. Потерај го син ти да го врати тоа што го зеде. 3. За растение – почне да расте, пушти пупки, лисје. Секој ден тој поминуваше да види дали потерало крувчето. Отстрана беше потерал шамак. 4. Навлезе во определена година од возраста. Детето ја потера деветтата година. 5. Тера малку, кратко време. Потераа малку лутина, па се смирија. 6. (прен.) Почне да прави, да пројавува нешто. Потерале малку ќеф. Потера инает. Од него не можевме да потераме работа. ● се ~ Почнат да се гонат еден со друг, заемно. ‖ (се) потерува, (се) потеруваат несв. ‖ глаг. им. потерување ср.