потфати

Глагол, свршен

Значење на потфати:

1. Фати од долната страна. Ја потфати глинената топка и ја извади од пепелта.

2. Притисне, дофати (со тежина). Машината му ги потфати прстите.

3. (дијал.) Почне, започне нешто. Ја потфати работата.

Конјугација: потфатат.

Изведени зборови:

  • потфаќање, глаг. им. ср.
  • (се) потфаќа, глаг. несв. (се) потфаќаат
  • се ~ потфати, 1. Се притисне со нешто. Се потфатив на машината. 2. Се закачи еден со друг (во кавга). Браќата се потфатија за имотот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Камен му ги потфатил нозете – не може да излезе од состојбата во којашто се наоѓа.

Оригинални податоци:

потфати, потфатат св. 1. Фати од долната страна. Ја потфати глинената топка и ја извади од пепелта. 2. Притисне, дофати (со тежина). Машината му ги потфати прстите. 3. (дијал.) Почне, започне нешто. Ја потфати работата. ● се ~ 1. Се притисне со нешто. Се потфатив на машината. 2. Се закачи еден со друг (во кавга). Браќата се потфатија за имотот. ◊ Камен му ги потфатил нозете – не може да излезе од состојбата во којашто се наоѓа. ‖ (се) потфаќа, (се) потфаќаат несв. ‖ глаг. им. потфаќање ср.