потфрли

Глагол, свршен

Значење на потфрли:

1. Фрли нешто на одреден начин; недоволно фрли. Му потфрли шамивче да си го избрише носот. Му потфрлил едно камче.

2. (прен.) Дофрли некому нешто со потценување. Стражарите ни потфрлија две парчиња леб.

3. Фрли, дофрли скришно. Тој му потфрли писменце во ќелијата.

4. (прен.) Дофрли зборови, каже нешто за некого. Потфрли некој збор за мене.

5. Не исполни целосно, не оствари според планираното. Планираниот извоз потфрли.

Конјугација: потфрлат.

Изведени зборови:

  • потфрла, глаг. несв. потфрлаат -- потфрлува, потфрлуваат
  • потфрлање, глаг. им. ср. потфрлање / потфрлување

Оригинални податоци:

потфрли, потфрлат св. 1. Фрли нешто на одреден начин; недоволно фрли. Му потфрли шамивче да си го избрише носот. Му потфрлил едно камче. 2. (прен.) Дофрли некому нешто со потценување. Стражарите ни потфрлија две парчиња леб. 3. Фрли, дофрли скришно. Тој му потфрли писменце во ќелијата. 4. (прен.) Дофрли зборови, каже нешто за некого. Потфрли некој збор за мене. 5. Не исполни целосно, не оствари според планираното. Планираниот извоз потфрли. ‖ потфрла, потфрлаат / потфрлува, потфрлуваат несв. ‖ глаг. им. потфрлање / потфрлување ср.