поти се

Глагол, несвршен

Значење на поти се:

1. Се покрива со пот по кожата. Луѓето се потеа и алиштата им се залепуваа на кожата.

2. За прозорци, стакла – се покрие со ситни капки слични на пот, се замагли од водена пареа. Прозорците се потеа од испарувањата.

3. (прен.) Се труди, се мачи, работи напорно. Долго време се потам овдека, а ни скршен денар немам примено. Тој се потеше над задачата, се мачеше да ја реши.

Конјугација: потејќи се , потен , потење , потете се , поти се , се потат , се потеа , се потев , се потел , се потив , се потија , се потил.

Изведени зборови:

  • потење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

поти се, се потат; поти се, потете се; се потев, се потеа; се потел; потен; потејќи се; потење; се потив, се потија; се потил несв. 1. Се покрива со пот по кожата. Луѓето се потеа и алиштата им се залепуваа на кожата. 2. За прозорци, стакла – се покрие со ситни капки слични на пот, се замагли од водена пареа. Прозорците се потеа од испарувањата. 3. (прен.) Се труди, се мачи, работи напорно. Долго време се потам овдека, а ни скршен денар немам примено. Тој се потеше над задачата, се мачеше да ја реши. ‖ глаг. им. потење ср.