потиштен

Придавка

Книжевен збор.

Значење на потиштен:

Што е душевно потиснат, нерасположен, натажен; депримиран. Никогаш не бев го видел така потиштен, дури изгубен. Физички крајно исцрпен и духовно потиштен, разочаран тргнав накај моето паркче.

Членувана форма: потиштениот.

Изведени зборови:

  • потиштено, прил. Молкнав потиштено, гледајќи го со виновен поглед.
  • потиштеност, и. ж.

Оригинални податоци:

потиштен, потиштениот прид. (книж.) Што е душевно потиснат, нерасположен, натажен; депримиран. Никогаш не бев го видел така потиштен, дури изгубен. Физички крајно исцрпен и духовно потиштен, разочаран тргнав накај моето паркче. ‖ потиштено прил. Молкнав потиштено, гледајќи го со виновен поглед. ‖ потиштеност ж.