потисне
Значење на потисне:
1. а) Притисне надолу со сета тежина. Тежок товар го потисна. б) Принуди некого под притисок да се тргне; истурка, помести назад, настрана. Тие го потиснаа настрана насобраниот народ.
2. (прен.) Одземе, ограничи слобода некому; угнете. Народот долго време беше потиснат.
3. (прен.) Со напор задуши некакво чувство, мисла, желба во себе. Старецот ги потисна своите мисли. Му надојде чудна смеа што ја потисна со силен напор. Тој сакаше да го потисне стравот, но не можеше.
4. Истисне, замени некого или нешто. Новите зборови ги потиснуваат старите. Оваа година го потисна својот стар противник.
Конјугација: (ќе) потиснеа , (ќе) потиснев , (ќе) потиснел, потиснаа , потиснав , потиснал , потиснат , потиснат , потиснете , потисни .
Изведени зборови:
- потиснува, глаг. несв. потиснуваат
- потиснување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
потисне, потиснат; потисни, потиснете; потиснав, потиснаа; потиснал; потиснат; (ќе) потиснев, (ќе) потиснеа; (ќе) потиснел св. 1. а) Притисне надолу со сета тежина. Тежок товар го потисна. б) Принуди некого под притисок да се тргне; истурка, помести назад, настрана. Тие го потиснаа настрана насобраниот народ. 2. (прен.) Одземе, ограничи слобода некому; угнете. Народот долго време беше потиснат. 3. (прен.) Со напор задуши некакво чувство, мисла, желба во себе. Старецот ги потисна своите мисли. Му надојде чудна смеа што ја потисна со силен напор. Тој сакаше да го потисне стравот, но не можеше. 4. Истисне, замени некого или нешто. Новите зборови ги потиснуваат старите. Оваа година го потисна својот стар противник. ‖ потиснува, потиснуваат несв. ‖ глаг. им. потиснување ср.