поткачи 1

Глагол, свршен

Значење на поткачи:

1. Качи, дигне некого или нешто малку повисоко. Го поткачи детето на столче за подобро да ја гледа претставата.

2. (ретко) Зголеми, повиши малку цена; качи2 3. Летово тој ги поткачи цените.

Конјугација: поткачат.

Изведени зборови:

  • поткачување, глаг. им. ср.
  • се ~ поткачи, Се качи, се искачи малку. Тие тројца се поткачија на едно мало рамниште. Таа се поткачи на дрвените скалички потпрени на ѕидот.
  • (се) поткачува, глаг. несв. (се) поткачуваат

Оригинални податоци:

поткачи1, поткачат св. 1. Качи, дигне некого или нешто малку повисоко. Го поткачи детето на столче за подобро да ја гледа претставата. 2. (ретко) Зголеми, повиши малку цена; качи2 3. Летово тој ги поткачи цените. ● се ~ Се качи, се искачи малку. Тие тројца се поткачија на едно мало рамниште. Таа се поткачи на дрвените скалички потпрени на ѕидот. ‖ (се) поткачува, (се) поткачуваат несв. ‖ глаг. им. поткачување ср.