поткасне

Глагол, свршен

Значење на поткасне:

1. Касне, изеде малку храна. Таа го нудеше со сила да поткасне за да се поткрепи. Зедоа по залак од она што беше на масата и поткаснаа.

2. Поткаса, подгризе. Тој си ги поткаса усните.

Коњугација: (ќе) поткаснеа , (ќе) поткаснев , (ќе) поткаснел, поткаснаа , поткаснав , поткаснал , поткаснат , поткаснат , поткаснете , поткасни .

Изведени зборови:

  • поткаснува, глаг. несв. поткаснуваат

Оригинални податоци:

поткасне, поткаснат; поткасни, поткаснете; поткаснав, поткаснаа; поткаснал; поткаснат; (ќе) поткаснев, (ќе) поткаснеа; (ќе) поткаснел св. 1. Касне, изеде малку храна. Таа го нудеше со сила да поткасне за да се поткрепи. Зедоа по залак од она што беше на масата и поткаснаа. 2. Поткаса, подгризе. Тој си ги поткаса усните. ‖ поткаснува, поткаснуваат несв.