потклекне

Глагол, свршен

Значење на потклекне:

1. Клекне малку, потсвие малку коленици. Ми потклекнаа колената, ама не паднав.

2. (прен.) Попушти, покаже слабост, не издржи до крај; се откаже, се предаде. Нејзината ведрина ми помогна да не потклекнам во пресудните мигови. Овој народ нема да потклекне пред непријателот.

Коњугација: (ќе) потклекнеа , (ќе) потклекнев , (ќе) потклекнел, потклекнаа , потклекнав , потклекнал , потклекнат , потклекнат , потклекнете , потклекни .

Изведени зборови:

  • потклекнува, глаг. несв. потклекнуваат
  • потклекнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

потклекне, потклекнат; потклекни, потклекнете; потклекнав, потклекнаа; потклекнал; потклекнат; (ќе) потклекнев, (ќе) потклекнеа; (ќе) потклекнел св. 1. Клекне малку, потсвие малку коленици. Ми потклекнаа колената, ама не паднав. 2. (прен.) Попушти, покаже слабост, не издржи до крај; се откаже, се предаде. Нејзината ведрина ми помогна да не потклекнам во пресудните мигови. Овој народ нема да потклекне пред непријателот. ‖ потклекнува, потклекнуваат несв. ‖ глаг. им. потклекнување ср.