поткопа
Значење на поткопа:
1. Со копање направи дупка од долната страна, под нешто. Ќе треба тука да го поткопаме ѕидот.
2. Подрие одоздола, од долната страна. Реката го поткопала брегот.
3. (прен.) Наштети некому; подрие основа на нешто за да го урне. Тие му го поткопаа здравјето.
Конјугација: поткопаат.
Изведени зборови:
- поткопува, глаг. несв. поткопуваат
- поткопување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
поткопа, поткопаат св. 1. Со копање направи дупка од долната страна, под нешто. Ќе треба тука да го поткопаме ѕидот. 2. Подрие одоздола, од долната страна. Реката го поткопала брегот. 3. (прен.) Наштети некому; подрие основа на нешто за да го урне. Тие му го поткопаа здравјето. ‖ поткопува, поткопуваат несв. ‖ глаг. им. поткопување ср.