поткове

Глагол, свршен

Значење на поткове:

1. Стави поткова (на коњ, вол, чевел). Тој го поткова својот коњ кај налбатот.

2. Стави, прицврсти нешто со оков; окове 2. Вратата ја поткова со оков.

3. (прен.) Даде знаење некому, подготви со знаења. Тој го имаше добро потковано за таа работа.

Коњугација: поткова , потковав , потковал, потковат , потковеа , потковев , потковел , потковен , потковете , поткови .

Изведени зборови:

  • потковување, глаг. им. ср.
  • се ~ поткове, Стекне, добие знаења, искуство. Тој добро се потковал за денешната дискусија.
  • (се) потковува, глаг. несв. (се) потковуваат

Оригинални податоци:

поткове, потковат; поткови, потковете; потковев, потковеа; потковел; потковен; потковав, поткова; потковал св. 1. Стави поткова (на коњ, вол, чевел). Тој го поткова својот коњ кај налбатот. 2. Стави, прицврсти нешто со оков; сп. окове 2. Вратата ја поткова со оков. 3. (прен.) Даде знаење некому, подготви со знаења. Тој го имаше добро потковано за таа работа. ● се ~ Стекне, добие знаења, искуство. Тој добро се потковал за денешната дискусија. ‖ (се) потковува, (се) потковуваат несв. ‖ глаг. им. потковување ср.