поткрадне
Значење на поткрадне:
Потајно присвои нешто туѓо, украде. Поткраднале што поткраднале ситни работи по чаршијата, па отишле и в село.Конјугација: (ќе) поткраднеа , (ќе) поткраднев , (ќе) поткраднел, поткраднаа , поткраднав , поткраднал , поткраднат , поткраднат , поткраднете , поткрадни .
Изведени зборови:
- поткраднување, глаг. им. ср.
- се ~ поткрадне, 1. Се приближи, се вовре скришно, потајно. Таа тивко се поткрадна до куќата. 2. Направи, не забележи грешка од невнимание. Во текстот му се поткраднале неколку грешки.
- (се) поткраднува, глаг. несв. (се) поткраднуваат
Оригинални податоци:
поткрадне, поткраднат; поткрадни, поткраднете; поткраднав, поткраднаа; поткраднал; поткраднат; (ќе) поткраднев, (ќе) поткраднеа; (ќе) поткраднел св. Потајно присвои нешто туѓо, украде. Поткраднале што поткраднале ситни работи по чаршијата, па отишле и в село. ● се ~ 1. Се приближи, се вовре скришно, потајно. Таа тивко се поткрадна до куќата. 2. Направи, не забележи грешка од невнимание. Во текстот му се поткраднале неколку грешки. ‖ (се) поткраднува, (се) поткраднуваат несв. ‖ глаг. им. поткраднување ср.