поткрене

Глагол, свршен

Значење на поткрене:

1. Крене, подигне малку. Таа ја поткрена навалената глава. Тој ја поткрена ногавицата и му ја покажа длабоката лузна.

2. Оправи, врати сила, здравје некому. Ладната вода малку го поткрена.

Конјугација: (ќе) поткренеа , (ќе) поткренев , (ќе) поткренел, поткренаа , поткренав , поткренал , поткренат , поткренат , поткренете , поткрени .

Изведени зборови:

  • поткренување, глаг. им. ср.
  • се ~ поткрене, 1. Се подигне малку. Се поткренаа малце на колена, за да можат да го видат. Сонцето се поткрена на ридот. 2. а) Се оправи, оздрави, закрепне малку по болест. Летото тој се поткрена од болеста. б) Закрепне малку материјално. Фирмата пропадна и дури сега се поткренаа.
  • (се) поткренува, глаг. несв. (се) поткренуваат

Оригинални податоци:

поткрене, поткренат; поткрени, поткренете; поткренав, поткренаа; поткренал; поткренат; (ќе) поткренев, (ќе) поткренеа; (ќе) поткренел св. 1. Крене, подигне малку. Таа ја поткрена навалената глава. Тој ја поткрена ногавицата и му ја покажа длабоката лузна. 2. Оправи, врати сила, здравје некому. Ладната вода малку го поткрена. ● се ~ 1. Се подигне малку. Се поткренаа малце на колена, за да можат да го видат. Сонцето се поткрена на ридот. 2. а) Се оправи, оздрави, закрепне малку по болест. Летото тој се поткрена од болеста. б) Закрепне малку материјално. Фирмата пропадна и дури сега се поткренаа. ‖ (се) поткренува, (се) поткренуваат несв. ‖ глаг. им. поткренување ср.