поткрепи
Значење на поткрепи:
1. Даде поткрепа, поддршка некому. Таа го погледна молбено, барајќи да ја поткрепи во расправијата.
2. Потврди нешто. Тоа ќе го поткрепиме со неколку примери.
3. Даде сила, зајакне. Сончевиот ден го поткрепи мојот оптимизам. Како да сакаше со тоа да и ја поткрепи верата во себе.
4. (ретко) Потпре со нешто за да го направи поцврсто, посигурно. Оградата ја поткрепија со талпи.
Конјугација: поткрепат.
Изведени зборови:
- поткрепување, глаг. им. ср.
- се ~ поткрепи, Врати сила, се оправи, оздрави; закрепне материјално. Седна да касне, да се поткрепи.
- (се) поткрепува, глаг. несв. (се) поткрепуваат
Оригинални податоци:
поткрепи, поткрепат св. 1. Даде поткрепа, поддршка некому. Таа го погледна молбено, барајќи да ја поткрепи во расправијата. 2. Потврди нешто. Тоа ќе го поткрепиме со неколку примери. 3. Даде сила, зајакне. Сончевиот ден го поткрепи мојот оптимизам. Како да сакаше со тоа да и ја поткрепи верата во себе. 4. (ретко) Потпре со нешто за да го направи поцврсто, посигурно. Оградата ја поткрепија со талпи. ● се ~ Врати сила, се оправи, оздрави; закрепне материјално. Седна да касне, да се поткрепи. ‖ (се) поткрепува, (се) поткрепуваат несв. ‖ глаг. им. поткрепување ср.