поткрши
Значење на поткрши:
1. Скрши одоздола. Тој ги поткрши сувите гранки на дрвцето.
2. Скрши малку врв од нешто; одлушне малку. При пишувањето го поткрши моливот.
Конјугација: поткршат.
Изведени зборови:
- поткршување, глаг. им. ср.
- се ~ поткрши, Се скрши малку, се оштети малку со откршување. Од ударот чашата се поткрши.
- (се) поткршува, глаг. несв. (се) поткршуваат
Оригинални податоци:
поткрши, поткршат св. 1. Скрши одоздола. Тој ги поткрши сувите гранки на дрвцето. 2. Скрши малку врв од нешто; одлушне малку. При пишувањето го поткрши моливот. ● се ~ Се скрши малку, се оштети малку со откршување. Од ударот чашата се поткрши. ‖ (се) поткршува, (се) поткршуваат несв. ‖ глаг. им. поткршување ср.