поток
Значење на поток:
1. Воден тек помал и покус од река. Пред нив еден мал поток се влеваше во поголема река. Планински поток.
2. (прен.) а) Голема количина на течност што се излева. Потоци крв. Потоци лава. Потоци солзи. б) Голема количина од нешто (светлина, зборови и сл.) што избива однекаде. Потоци од зборови. Поток од музика се слушаше од радиото. в) Мноштво од народ што се движи во еден определен правец. Тргнавме низ разбранетиот поток од луѓе.
Множина: потоци.
Изведени зборови:
- поточе, и. ср. дем. од поток 1.
Оригинални податоци:
поток, мн. потоци м. 1. Воден тек помал и покус од река. Пред нив еден мал поток се влеваше во поголема река. Планински поток. 2. (прен.) а) Голема количина на течност што се излева. Потоци крв. Потоци лава. Потоци солзи. б) Голема количина од нешто (светлина, зборови и сл.) што избива однекаде. Потоци од зборови. Поток од музика се слушаше од радиото. в) Мноштво од народ што се движи во еден определен правец. Тргнавме низ разбранетиот поток од луѓе. ‖ поточе, мн. поточиња ср. дем. од поток 1.