потоне
Значење на потоне:
1. Пропадне под површината на вода, исчезне под вода. Во една бура, бродот потонал. Јадицата веднаш потона. Парата потона на дното од бистрата вода.
2. Пропадне во нешто меко, мочурливо, калливо. Рацете и беа во тесто потонати. Стапалата на татко му потонаа во меката земја.
3. (прен.) Пропадне, исчезне, се изгуби. Дворот потона во темнина. Сонцето потона зад планината. Тој беше потонат во долгови.
4. (прен.) Дојде во некаква состојба, целосно се предаде на некаква работа, на некакво размислување. Тој потона во меланхолија. Вечерта тој потона во длабок сон. Таа потона во читање. Тој потона во длабоки мисли, нешто го мачеше.
Конјугација: (ќе) потонеа , (ќе) потонев , (ќе) потонел, потонаа , потонав , потонал , потонат , потонат , потонете , потони .
Изведени зборови:
- потонува, глаг. несв. потонуваат
- потонување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Му потонале корабите (бродовите, гемиите) – (ирон.) се чувствува како да изгубил сѐ. Вземи да потоне од срам – многу се засрами.
Оригинални податоци:
потоне, потонат; потони, потонете; потонав, потонаа; потонал; потонат; (ќе) потонев, (ќе) потонеа; (ќе) потонел св. 1. Пропадне под површината на вода, исчезне под вода. Во една бура, бродот потонал. Јадицата веднаш потона. Парата потона на дното од бистрата вода. 2. Пропадне во нешто меко, мочурливо, калливо. Рацете и беа во тесто потонати. Стапалата на татко му потонаа во меката земја. 3. (прен.) Пропадне, исчезне, се изгуби. Дворот потона во темнина. Сонцето потона зад планината. Тој беше потонат во долгови. 4. (прен.) Дојде во некаква состојба, целосно се предаде на некаква работа, на некакво размислување. Тој потона во меланхолија. Вечерта тој потона во длабок сон. Таа потона во читање. Тој потона во длабоки мисли, нешто го мачеше. ◊ Му потонале корабите (бродовите, гемиите) – (ирон.) се чувствува како да изгубил сѐ. Вземи да потоне од срам – многу се засрами. ‖ потонува, потонуваат несв. ‖ глаг. им. потонување ср.