потоп

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на потоп:

1. Според Библијата – голема поплава, која како казна за човечките гревови, ја покрила целата земја со вода.

2. (прен., разг.) Голема поплава. Доаѓаат сите реки и сѐ однесуваат, тоа е потопот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Уште од пред потопот – многу одамна. По мене - потоп – кога мене ќе ме нема, може сѐ да пропадне.

Оригинални податоци:

потоп (само едн.) м. 1. Според Библијата – голема поплава, која како казна за човечките гревови, ја покрила целата земја со вода. 2. (прен., разг.) Голема поплава. Доаѓаат сите реки и сѐ однесуваат, тоа е потопот. ◊ Уште од пред потопот – многу одамна. По мене - потоп – кога мене ќе ме нема, може сѐ да пропадне.