потпали
Значење на потпали:
1. Постави оган под нешто за да почне да гори, запали од долната страна. Наутро дедото ја потпали печката.
2. Направи пожар. Тие го потпалија селото.
3. (прен.) Предизвика, поттикне, подбуцне нешто (војна, расправија, кавга, возбуда и сл.). Таа со своето прашање ја потпали кавгата. Песната ги потпали поднапиените мажи, та почнаа да потпевнуваат.
Конјугација: потпалат.
Изведени зборови:
- потпалува, глаг. несв. потпалуваат
- потпалување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
потпали, потпалат св. 1. Постави оган под нешто за да почне да гори, запали од долната страна. Наутро дедото ја потпали печката. 2. Направи пожар. Тие го потпалија селото. 3. (прен.) Предизвика, поттикне, подбуцне нешто (војна, расправија, кавга, возбуда и сл.). Таа со своето прашање ја потпали кавгата. Песната ги потпали поднапиените мажи, та почнаа да потпевнуваат. ‖ потпалува, потпалуваат несв. ‖ глаг. им. потпалување ср.