потпикне

Глагол, свршен

Разговорен збор, израз.

Значење на потпикне:

1. Стави, пикне нешто некаде; вовлече. Ја потпикнал раката во ремењето и нога за нога, јаде бадеми.

2. Стави, поттури, тутне некому нешто. Тој му потпикна некоја пара во џебот и замина.

3. (разг., ирон.) Намести на добро работно место. Успеа да го потпикне во добра фирма.

Конјугација: (ќе) потпикнеа , (ќе) потпикнев , (ќе) потпикнел, потпикнаа , потпикнав , потпикнал , потпикнат , потпикнат , потпикнете , потпикни .

Изведени зборови:

  • потпикнување, глаг. им. ср.
  • се ~ потпикне, 1. Се вовлече, се смести некаде. Тој се потпикна во едно ќоше. 2. сп. потпикне 3.
  • (се) потпикнува, глаг. несв. (се) потпикнуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Му се потпикне под кожа – се додвори некому.

Оригинални податоци:

потпикне, потпикнат; потпикни, потпикнете; потпикнав, потпикнаа; потпикнал; потпикнат; (ќе) потпикнев, (ќе) потпикнеа; (ќе) потпикнел св. (разг.) 1. Стави, пикне нешто некаде; вовлече. Ја потпикнал раката во ремењето и нога за нога, јаде бадеми. 2. Стави, поттури, тутне некому нешто. Тој му потпикна некоја пара во џебот и замина. 3. (разг., ирон.) Намести на добро работно место. Успеа да го потпикне во добра фирма. ● се ~ 1. Се вовлече, се смести некаде. Тој се потпикна во едно ќоше. 2. сп. потпикне 3. ◊ Му се потпикне под кожа – се додвори некому. ‖ (се) потпикнува, (се) потпикнуваат несв. ‖ глаг. им. потпикнување ср.