потпише
Значење на потпише:
Стави свој потпис под документ, изјава и сл. земајќи некаква обврска, одговорност. Тој го потпиша договорот. Татко му ја потпишал меницата како прв жирант. Двете земји потпишаа примирје.Конјугација: (ќе) потпишеа , (ќе) потпишев , (ќе) потпишел, потпишаа , потпишав , потпишал , потпишан , потпишат , потпишете , потпиши .
Изведени зборови:
- потпишување, глаг. им. ср.
- се ~ потпише, Стави свој потпис. Таа се потпиша на извештајот. Тој одби да се потпише на записникот.
- (се) потпишува, глаг. несв. (се) потпишуваат
Оригинални податоци:
потпише, потпишат; потпиши, потпишете; потпишав, потпишаа; потпишал; потпишан; (ќе) потпишев, (ќе) потпишеа; (ќе) потпишел св. Стави свој потпис под документ, изјава и сл. земајќи некаква обврска, одговорност. Тој го потпиша договорот. Татко му ја потпишал меницата како прв жирант. Двете земји потпишаа примирје. ● се ~ Стави свој потпис. Таа се потпиша на извештајот. Тој одби да се потпише на записникот. ‖ (се) потпишува, (се) потпишуваат несв. ‖ глаг. им. потпишување ср.