потпре
Значење на потпре:
1. Стави потпор на нешто за да стои поцврсто. Вратата ја потпре со едно дрво.
2. Опре, облегне на нешто или на некого. Грбот го потпре на ѕидот, па ја исправи главата. Ја потпре главата на рамото од другарот.
3. (прен.) Поткрепи, потпомогне. Тие го потпреа неговиот предлог.
Коњугација: потпрат , потпреа , потпрев , потпрел , потпрен, потпрете , потпри .
Изведени зборови:
- потпирање, глаг. им. ср.
- (се) потпира, глаг. несв. (се) потпираат
- се ~ потпре, 1. Се опре, се облегне на нешто или на некого. Се потпрел на бастунот. 2. (прен.) Се поткрепи, се опре, се помогне од некого. Се потпревме на вас. Подобро би било да се потпреш на разумот.
Оригинални податоци:
потпре, потпрат; потпри, потпрете; потпрев, потпреа; потпрел; потпрен св. 1. Стави потпор на нешто за да стои поцврсто. Вратата ја потпре со едно дрво. 2. Опре, облегне на нешто или на некого. Грбот го потпре на ѕидот, па ја исправи главата. Ја потпре главата на рамото од другарот. 3. (прен.) Поткрепи, потпомогне. Тие го потпреа неговиот предлог. ● се ~ 1. Се опре, се облегне на нешто или на некого. Се потпрел на бастунот. 2. (прен.) Се поткрепи, се опре, се помогне од некого. Се потпревме на вас. Подобро би било да се потпреш на разумот. ‖ (се) потпира, (се) потпираат несв. ‖ глаг. им. потпирање ср.