потрча
Значење на потрча:
1. Трча малку, кратко време. Атлетичарот потрча малку, па застана да се одмори.
2. Забрзано се упати негде; се стрча. Потрчав по автобусот.
3. (прен.) Побрза да направи нешто. Сите ќе потрчаат да ме спасуваат.
Коњугација: потрчаат.
Изведени зборови:
- потрчува, глаг. несв. потрчуваат
- потрчување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
потрча, потрчаат св. 1. Трча малку, кратко време. Атлетичарот потрча малку, па застана да се одмори. 2. Забрзано се упати негде; се стрча. Потрчав по автобусот. 3. (прен.) Побрза да направи нешто. Сите ќе потрчаат да ме спасуваат. ‖ потрчува, потрчуваат несв. ‖ глаг. им. потрчување ср.