потреба

Глагол, свршен

Значење на потреба:

Стане потребен, неопходен; затреба. Ако ти потребам, викни ме.

Конјугација: потребаат.

Изведени зборови:

  • потребува, глаг. повт. потребуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Си ми потребал! (ирон.) – не си ми потребен.

Оригинални податоци:

потреба, потребаат св. Стане потребен, неопходен; затреба. Ако ти потребам, викни ме. ◊ Си ми потребал! (ирон.) – не си ми потребен. ‖ потребува, потребуваат повт.