потрес

Именка, машки род

Значење на потрес:

1. а) Движење на Земјината кора поради тектонски поместувања или вулканско дејство; земјотрес. б) Ненадејно и краткотрајно движење на нешто како последица на силен удар или на експлозија. Подземен потрес. Пукнатините на куќата се предизвикани од потресите на експлозииите на мините. Скопското подрачје е подложно на силни потреси.

2. (прен.) Брза, голема промена во некоја сфера од општествениот живот (во политиката, економијата итн.). Социјалистичкото општество доживеа големи потреси.

3. (прен.) Длабока возбуда, силно вознемирување. Душевни потреси.

Множина: потреси.

Фразеолошки израз / поговорка:

Потрес на мозокот – губење на свеста како последица на пад или силен удар по глава.

Оригинални податоци:

потрес, мн. потреси м. 1. а) Движење на Земјината кора поради тектонски поместувања или вулканско дејство; земјотрес. б) Ненадејно и краткотрајно движење на нешто како последица на силен удар или на експлозија. Подземен потрес. Пукнатините на куќата се предизвикани од потресите на експлозииите на мините. Скопското подрачје е подложно на силни потреси. 2. (прен.) Брза, голема промена во некоја сфера од општествениот живот (во политиката, економијата итн.). Социјалистичкото општество доживеа големи потреси. 3. (прен.) Длабока возбуда, силно вознемирување. Душевни потреси. ◊ Потрес на мозокот – губење на свеста како последица на пад или силен удар по глава.