потресе

Глагол, свршен

Значење на потресе:

1. (прен.) Предизвика силна возбуда; растрои, наруши ред, мир. Штрајкот го потресе градот. Востанието ги потресе основите на робовладетелскиот поредок.

2. (прен.) Силно возбуди, ужаси. Скопската катастрофа го потресе светот.

3. Тресе по малку, кратко време. Додека зборуваше, тој ја потресе главата лево-десно. Го потресе малку, но му помина.

Конјугација: (ќе) потресеа , (ќе) потресев , (ќе) потресел , потресат , потресен, потресете , потреси , потресле , потресоа , потресов , потресол .

Изведени зборови:

  • потресување, глаг. им. ср.
  • се ~ потресе, 1. Се растресе. Од тоа целата земја ќе се потресе. 2. (прен.) Се вознемири, се возбуди. Народите се потресоа од страшните вести.
  • (се) потресува, глаг. несв. (се) потресуваат

Оригинални податоци:

потресе, потресат; потреси, потресете; потресов, потресоа; потресол, потресле; (ќе) потресев, (ќе) потресеа; (ќе) потресел; потресен св. 1. (прен.) Предизвика силна возбуда; растрои, наруши ред, мир. Штрајкот го потресе градот. Востанието ги потресе основите на робовладетелскиот поредок. 2. (прен.) Силно возбуди, ужаси. Скопската катастрофа го потресе светот. 3. Тресе по малку, кратко време. Додека зборуваше, тој ја потресе главата лево-десно. Го потресе малку, но му помина. ● се ~ 1. Се растресе. Од тоа целата земја ќе се потресе. 2. (прен.) Се вознемири, се возбуди. Народите се потресоа од страшните вести. ‖ (се) потресува, (се) потресуваат несв. ‖ глаг. им. потресување ср.