потроши
Значење на потроши:
1. Употреби пари за купување нешто; истроши, поарчи. Ги потрошив парите на пазар.
2. Помине време занимавајќи се со нешто. Го потроши времето за бадијала. Младоста ја потрошив во учење.
3. Го потрошивме месото.
4. (прен.) Изгуби сила, физички ослабе. Си ја потрошив снагата.
Конјугација: потрошат.
Изведени зборови:
- потрошување, глаг. им. ср.
- се ~ потроши, Се истроши; трошејќи стигне до крај на нешто. Се потроши со куќата. Парите се потрошија.
- (се) потрошува, глаг. несв. (се) потрошуваат
Оригинални податоци:
потроши, потрошат св. 1. Употреби пари за купување нешто; истроши, поарчи. Ги потрошив парите на пазар. 2. Помине време занимавајќи се со нешто. Го потроши времето за бадијала. Младоста ја потрошив во учење. 3. Го потрошивме месото. 4. (прен.) Изгуби сила, физички ослабе. Си ја потрошив снагата. ● се ~ Се истроши; трошејќи стигне до крај на нешто. Се потроши со куќата. Парите се потрошија. ‖ (се) потрошува, (се) потрошуваат несв. ‖ глаг. им. потрошување ср.