потсече

Глагол, свршен

Значење на потсече:

1. Пресече, отсече нешто одоздола или одозгора; поткине, скрати крај или врв на нешто. Тој ги потсече гранките на дрвото. Косата му беше кусо потсечена.

2. (прен.) Нагло пресече, прекине некој тек на нешто. Ми ја потсече секоја надеж за живот.

Конјугација: (ќе) потсечеа , (ќе) потсечев , (ќе) потсечел , потсекле , потсекоа , потсеков , потсекол , потсечат , потсечен, потсечете , потсечи .

Изведени зборови:

  • потсекува, глаг. несв. потсекуваат -- потсечува, потсечуваат
  • потсекување, глаг. им. ср. потсекување / потсечување

Фразеолошки израз / поговорка:

Му ги потсече крилјата – лиши некого од полна слобода, моќ; скроти, скрши нечиј отпор. Нозете му (ми, ѝ, им) се пресекоа – стане неподвижен од страв или од голема возбуда.

Оригинални податоци:

потсече, потсечат; потсечи, потсечете; потсеков, потсекоа; потсекол, потсекле; (ќе) потсечев, (ќе) потсечеа; (ќе) потсечел; потсечен св. 1. Пресече, отсече нешто одоздола или одозгора; поткине, скрати крај или врв на нешто. Тој ги потсече гранките на дрвото. Косата му беше кусо потсечена. 2. (прен.) Нагло пресече, прекине некој тек на нешто. Ми ја потсече секоја надеж за живот. ◊ Му ги потсече крилјата – лиши некого од полна слобода, моќ; скроти, скрши нечиј отпор. Нозете му (ми, ѝ, им) се пресекоа – стане неподвижен од страв или од голема возбуда. ‖ потсекува, потсекуваат / потсечува, потсечуваат несв. ‖ глаг. им. потсекување / потсечување ср.