потсмева се

Глагол, несвршен

Значење на потсмева се:

1. Се смее некому за нешто; се подбива. Тие му се потсмеваа в лице. Зарем тој да ми се потсмева?

2. Се смее тивко, во мала мера, незабележително. Стариот само се потсмева под мустаќ. Се потсмеваше задоволно.

Конјугација: се потсмеваат.

Изведени зборови:

  • потсмевање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

потсмева се, се потсмеваат несв. 1. Се смее некому за нешто; се подбива. Тие му се потсмеваа в лице. Зарем тој да ми се потсмева? 2. Се смее тивко, во мала мера, незабележително. Стариот само се потсмева под мустаќ. Се потсмеваше задоволно. ‖ глаг. им. потсмевање ср.