потврди
Значење на потврди:
1. а) Посведочи дека претходно кажаното, пишаното или стореното е точно, вистинито. Дека сето ова е точно, можат да потврдат и другарите што беа со мене. Луѓето отпрвин не му веруваа, но се најдоа и други што го потврдија тоа. б) Изрази согласност, одобри. Тој поцрвене и потврди со главата. Тој со кимање на главата му потврди.
2. Даде законска или административна важност, потврди вистинитост на некој документ, решение и сл; завери, легализира. Неговата пресуда била потврдена и стапила на сила. Доставените дипломи треба да бидат потврдени од Управата. Тој ќе оди в суд за да ги потврди договорите.
3. Прифати, озакони, санкционира на повисоко ниво на надлежност нечие решение, поставување на должност, звање и сл. Тие го потврдија во звањето редовен професор.
4. Докаже, покаже, даде доказ, стане доказ за нешто. Тој го потврди тоа на дело. Нашата национална судбина тој мит го потврди историски. Сето тоа ја потврди неговата музејска вредност.
Конјугација: потврдат.
Изведени зборови:
- потврдување, глаг. им. ср.
- се ~ потврди, 1. Излезе, се покаже точен, правилен (за претпоставка, тврдење, мислење, предвидување и сл.). Се потврдиле лагите на двајцата лажговци. Нашите сомненија се потврдија. 2. Се покаже, се докаже во некое својство. Се потврди како добар педагог.
- (се) потврдува, глаг. несв. (се) потврдуваат
Оригинални податоци:
потврди, потврдат св. 1. а) Посведочи дека претходно кажаното, пишаното или стореното е точно, вистинито. Дека сето ова е точно, можат да потврдат и другарите што беа со мене. Луѓето отпрвин не му веруваа, но се најдоа и други што го потврдија тоа. б) Изрази согласност, одобри. Тој поцрвене и потврди со главата. Тој со кимање на главата му потврди. 2. Даде законска или административна важност, потврди вистинитост на некој документ, решение и сл; завери, легализира. Неговата пресуда била потврдена и стапила на сила. Доставените дипломи треба да бидат потврдени од Управата. Тој ќе оди в суд за да ги потврди договорите. 3. Прифати, озакони, санкционира на повисоко ниво на надлежност нечие решение, поставување на должност, звање и сл. Тие го потврдија во звањето редовен професор. 4. Докаже, покаже, даде доказ, стане доказ за нешто. Тој го потврди тоа на дело. Нашата национална судбина тој мит го потврди историски. Сето тоа ја потврди неговата музејска вредност. ● се ~ 1. Излезе, се покаже точен, правилен (за претпоставка, тврдење, мислење, предвидување и сл.). Се потврдиле лагите на двајцата лажговци. Нашите сомненија се потврдија. 2. Се покаже, се докаже во некое својство. Се потврди како добар педагог. ‖ (се) потврдува, (се) потврдуваат несв. ‖ глаг. им. потврдување ср.