поведе

Глагол, свршен

Значење на поведе:

1. а) Земе некого со себе при одење некаде, при патување. Ги поведе на село и децата. б) Почне да води по себе (луѓе, колона, оро итн.). Се согласи да ги поведе до најблиската населба. Таа го поведе орото. в) Одведе, забере некого присилно. Полицијата го повела синоќа.

2. Започне некакво дејство, постапка, акција (во состав со ред именки). Поведе разговор. Поведе иницијатива. Поведе судски спор. Поведе борба.

3. (спорт.) Добие предност во натпревар, почне да води (со постигнат гол, освоен поен и сл.).

Коњугација: (ќе) поведеа , (ќе) поведев , (ќе) поведел , поведат , поведен, поведете , поведи , поведоа , поведов , повел .

Изведени зборови:

  • поведување, глаг. им. ср.
  • се ~ поведе, Постапи по примерот на друг (обично во негативна смисла); падне под туѓо влијание. И тој се повел по умот на другите.
  • (се) поведува, глаг. несв. (се) поведуваат

Оригинални податоци:

поведе, поведат; поведи, поведете; поведов, поведоа; повел; (ќе) поведев, (ќе) поведеа; (ќе) поведел; поведен св. 1. а) Земе некого со себе при одење некаде, при патување. Ги поведе на село и децата. б) Почне да води по себе (луѓе, колона, оро итн.). Се согласи да ги поведе до најблиската населба. Таа го поведе орото. в) Одведе, забере некого присилно. Полицијата го повела синоќа. 2. Започне некакво дејство, постапка, акција (во состав со ред именки). Поведе разговор. Поведе иницијатива. Поведе судски спор. Поведе борба. 3. (спорт.) Добие предност во натпревар, почне да води (со постигнат гол, освоен поен и сл.). ● се ~ Постапи по примерот на друг (обично во негативна смисла); падне под туѓо влијание. И тој се повел по умот на другите. ‖ (се) поведува, (се) поведуваат несв. ‖ глаг. им. поведување ср.