повее

Глагол, свршен

Значење на повее:

1. За ветар ‒ почне слабо да дува, да дувка.

2. Вее малку, кратко време (ветар, снег со ветар). Повеа малку снег и престана.

3. За жито ‒ вее малку, кратко време; вее 3.

Коњугација: (ќе) повеев , (ќе) повееја , (ќе) повеел , повеав , повеаја , повеал , повеан , повеат , повеен, повеј , повејте .

Изведени зборови:

  • повевање, глаг. им. ср.
  • (се) повева, глаг. несв. (се) повеваат
  • се ~ повее, Се вее на ветар малку, кратко време (знаме, платно и сл.).

Оригинални податоци:

повее, повеат; повеј, повејте; повеав, повеаја; повеал; повеан; (ќе) повеев, (ќе) повееја; (ќе) повеел; повеен св. 1. За ветар ‒ почне слабо да дува, да дувка. 2. Вее малку, кратко време (ветар, снег со ветар). Повеа малку снег и престана. 3. За жито ‒ вее малку, кратко време; сп. вее 3. ● се ~ Се вее на ветар малку, кратко време (знаме, платно и сл.). ‖ (се) повева, (се) повеваат несв. ‖ глаг. им. повевање ср.