повеќе

Прилог

Значење на повеќе:

1. Компаратив од многу. Колку повеќе се оддалечуваше од селото, толку потешко му беше. Сакаше повеќе да слуша одошто да зборува.

2. Предимно, често. Постарите повеќе слушаат народна музика. Сега повеќе се оди во црква одошто порано.

3. Понатаму од даден момент; веќе 5. Не одете повеќе таму. Не слушај го повеќе што ти зборува. Ова повеќе не се издржува. Повеќе ништо не рече. Повеќе ни збор! 4. Како именка, членувано ‒ повеќето ‒ поголемиот број, дел; мнозинството. Повеќето гласаа против. Повеќето не се вратија. Повеќето беа нашинци. Повеќето отидоа предвреме. Повеќето беа неквалификувани за таква работа.

Фразеолошки израз / поговорка:

Сè повеќе (и повеќе) ‒ во сè поголема мера. (До) толку повеќе (што ...) ‒ за истакнување на тоа што ќе се каже понатаму, што ќе се заклучи. Помалку или повеќе ‒ приближно, горе-долу, главно.

Оригинални податоци:

повеќе прил. 1. Компаратив од многу. Колку повеќе се оддалечуваше од селото, толку потешко му беше. Сакаше повеќе да слуша одошто да зборува. 2. Предимно, често. Постарите повеќе слушаат народна музика. Сега повеќе се оди во црква одошто порано. 3. Понатаму од даден момент; сп. веќе 5. Не одете повеќе таму. Не слушај го повеќе што ти зборува. Ова повеќе не се издржува. Повеќе ништо не рече. Повеќе ни збор! 4. Како именка, членувано ‒ повеќето ‒ поголемиот број, дел; мнозинството. Повеќето гласаа против. Повеќето не се вратија. Повеќето беа нашинци. Повеќето отидоа предвреме. Повеќето беа неквалификувани за таква работа. ◊ Сè повеќе (и повеќе) ‒ во сè поголема мера. (До) толку повеќе (што ...) ‒ за истакнување на тоа што ќе се каже понатаму, што ќе се заклучи. Помалку или повеќе ‒ приближно, горе-долу, главно.