повела
Разговорен збор, израз.
Значење на повела:
1. Владее, раководи; заповеда, наредува. Треба да се знае кој повела во оваа земја. Кој е најстар, тој ќе повела.
2. а) Ме (те, го ...) ‒ Заповеда на некого. Зар тој мене да ме повела. Наместо тој нив, тие него го повелаат. б) Ми (ти, му ...) Заповеда некому. Немам никој дома да ми повела. Тој сакал да им повела на аргатите.
Коњугација: повелаат.
Изведени зборови:
- повелање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
повела, повелаат несв. (разг.) 1. Владее, раководи; заповеда, наредува. Треба да се знае кој повела во оваа земја. Кој е најстар, тој ќе повела. 2. а) Ме (те, го ...) ‒ Заповеда на некого. Зар тој мене да ме повела. Наместо тој нив, тие него го повелаат. б) Ми (ти, му ...) Заповеда некому. Немам никој дома да ми повела. Тој сакал да им повела на аргатите. ‖ глаг. им. повелање ср.