повелба

Именка, женски род

Значење на повелба:

1. а) (истор.) Документ со кој владетелот доделувал некому определени привилегии (права, поседи и сл.). б) Документ со кој се признаваат нечии права и се установуваат определени повластици.

2. Правен акт, програмски документ што ги содржи основните принципи на меѓународната политика. Повелба на Обединетите нации.

3. Свечена писмена изјава како признание за заслуги.

4. Заповед, наредба; повела Останаа сами, без повелба и без машка рака.

Множина: повелби.

Оригинални податоци:

повелба, мн. повелби ж. 1. а) (истор.) Документ со кој владетелот доделувал некому определени привилегии (права, поседи и сл.). б) Документ со кој се признаваат нечии права и се установуваат определени повластици. 2. Правен акт, програмски документ што ги содржи основните принципи на меѓународната политика. Повелба на Обединетите нации. 3. Свечена писмена изјава како признание за заслуги. 4. Заповед, наредба; сп. повела 1. Останаа сами, без повелба и без машка рака.