повели

Глагол, свршен

Значење на повели:

1. (ретко) Заповеда, нареди. Од страв, им повели на домашните портата да не ја оставаат отворена.

2. Во изрази на учтиво искажување понуда, покана. Повели, дојди кога сакаш. Повелете, седнете да се почестиме. Нека повелат како во своја куќа.

Коњугација: повелат.

Изведени зборови:

  • повелува, глаг. несв. повелуваат

Оригинални податоци:

повели, повелат св. 1. (ретко) Заповеда, нареди. Од страв, им повели на домашните портата да не ја оставаат отворена. 2. Во изрази на учтиво искажување понуда, покана. Повели, дојди кога сакаш. Повелете, седнете да се почестиме. Нека повелат како во своја куќа. ‖ повелува, повелуваат несв.