повие 1

Глагол, свршен

Значење на повие:

1. а) Завитка, обвие дете во пелени. Бабата го пови бебето во нова пелена. б) Завитка, замота во нешто. Го пови со ќебето да не му достуди.

2. Свие, свитка, наведне. Снегот ги повил доземи гранките на дрвјата. Годините во благ лак ја повиле нејзината става. Слушаше внимателно со повиен врат кон пријателот.

Коњугација: (ќе) повиев , (ќе) повиеја , (ќе) повиел , повив , повиен, повиј , повија , повијат , повијте , повил .

Изведени зборови:

  • повивање, глаг. им. ср.
  • (се) повива, глаг. несв. (се) повиваат
  • се ~ повие, Кон зн. 1. б) и 2.

Оригинални податоци:

повие1, повијат; повиј, повијте; повив, повија; повил; (ќе) повиев, (ќе) повиеја; (ќе) повиел; повиен св. 1. а) Завитка, обвие дете во пелени. Бабата го пови бебето во нова пелена. б) Завитка, замота во нешто. Го пови со ќебето да не му достуди. 2. Свие, свитка, наведне. Снегот ги повил доземи гранките на дрвјата. Годините во благ лак ја повиле нејзината става. Слушаше внимателно со повиен врат кон пријателот. ● се ~ Кон зн. 1. б) и 2. ‖ (се) повива, (се) повиваат несв. ‖ глаг. им. повивање ср.