повик
Значење на повик:
1. Усно или писмено обраќање заради нешто (да се дојде, да се учествува, да се направи нешто). Повик за мир. Повик на борба. Повик до граѓаните. Повик за помош.
2. Повикување по некого со глас, гест и сл. На мојот повик детето веднаш дотрча. Одвај ги чув твоите повици. Повик по телефон.
3. Викање, викотница, искажување незадоволство, гнев. Сиот повик беше поради парите. Што е толку повик по него?
Множина: повици.
Оригинални податоци:
повик, мн. повици м. 1. Усно или писмено обраќање заради нешто (да се дојде, да се учествува, да се направи нешто). Повик за мир. Повик на борба. Повик до граѓаните. Повик за помош. 2. Повикување по некого со глас, гест и сл. На мојот повик детето веднаш дотрча. Одвај ги чув твоите повици. Повик по телефон. 3. Викање, викотница, искажување незадоволство, гнев. Сиот повик беше поради парите. Што е толку повик по него?