повика
Значење на повика:
1. Упати усна или писмена покана; покани. Го повикале цело село на свадба. Ги повикал роднините на вечера.
2. Упати повик, се обрати до некого. Го повика келнерот да му плати. Ги повика децата да се приберат дома.
3. Упати повик, обраќање, апел. Ги повика граѓаните на соработка.
4. Вика малку, кратко време; повик 3. Повика малку додека му помина лутината.
Коњугација: повикаат.
Изведени зборови:
- повикување, глаг. им. ср.
- се ~ повика, Приведе, посочи нешто или некого (договор, закон, сведок итн.) како потврда, доказ за своите искажувања, ставови.
- (се) повикува, глаг. несв. (се) повикуваат
Оригинални податоци:
повика, повикаат св. 1. Упати усна или писмена покана; покани. Го повикале цело село на свадба. Ги повикал роднините на вечера. 2. Упати повик, се обрати до некого. Го повика келнерот да му плати. Ги повика децата да се приберат дома. 3. Упати повик, обраќање, апел. Ги повика граѓаните на соработка. 4. Вика малку, кратко време; сп. повик 3. Повика малку додека му помина лутината. ● се ~ Приведе, посочи нешто или некого (договор, закон, сведок итн.) како потврда, доказ за своите искажувања, ставови. ‖ (се) повикува, (се) повикуваат несв. ‖ глаг. им. повикување ср.