повлече
Значење на повлече:
1. а) Почне да влече; влече Ранетиот го фатија и го повлекоа по тревата. Коњот одвај ја повлече колата. Локомотивата се огласи и ги повлече вагоните. б) Тргне, потргне некого или нешто. Го фати за рака и го повлече. Ја повлече завесата. Нагло ја повлече сопирачката на колата. Го повлече чкрапецот на пушката. в) Забере некого, одведе настрана со себе; привлече кон себе. Го повлече надвор да поразговараат. Нечии раце го повлекоа. Мајката го повлече и го гушна детето.
2. а) Поведе по себе, привлече некого. Сега со себе ќе повлече и други. Ќе нè повлечат и нас да влеземе во расправија. б) Стане причина за нешто, за нечија постапка. Љубопитноста го повлече да погледне. Нешто го повлече да им се придружи. Една грешка ќе повлече и друга.
3. Однесе, завлече со себе. Толпата ги повлече и нив. Поројот ја повлече сета нечистотија. Водата не можеше да ги повлече тешките трупци.
4. Врати назад, отстапи. По нападот командантот го повлече одредот.
5. Вовлече во себе, вшмука; вдише. Запали цигара и повлече.
6. (прен.) Обележи, означи, разграничи; направи линија. Повлече бразда. Повлече граница. Повлече црта.
7. (прен.) Откаже, објави за неточно, поништи важност на нешто (искажан збор, наредба, закон, предлог, кандидатура итн.).
Коњугација: (ќе) повлечеа , (ќе) повлечев , (ќе) повлечел , повлекле , повлекоа , повлеков , повлекол , повлечат , повлечен, повлечете , повлечи .
Изведени зборови:
- повлекување, глаг. им. ср. повлекување / повлечување
- (се) повлекува, глаг. несв. (се) повлекуваат -- (се) повлечува, (се) повлечуваат
- се ~ повлече, 1. Се помести наназад. Тој се повлече, со рацете готови за одбрана. 2. Отстапи, се врати, прекине напредување. Непријателот ноќта се повлекол. Главнината на војската се повлече кон полето. 3. Престане да се шири, да се развива. Водата се повлече во своето корито. Болеста малку се повлече. 4. Се прибере во определен простор, објект. Војската се повлече во касарната. Мажите се повлекоа да пушат. Селаните се повлекоа по куќите. 5. Се откаже од својот став, тврдење, барање и сл. Кога виде дека нема право, се повлече. 6. (прен.) Се осами, се затвори во себе; престане да општи, да се дружи. По смртта на синот, се повлече и ретко можеше да го видиш. По неуспехот на изборите, се повлече од политиката.
Фразеолошки израз / поговорка:
Повлече нога ‒ прв почне да прави нешто што се покажало добро и се презема од другите.
Оригинални податоци:
повлече, повлечат; повлечи, повлечете; повлеков, повлекоа; повлекол, повлекле; (ќе) повлечев, (ќе) повлечеа; (ќе) повлечел; повлечен св. 1. а) Почне да влече; сп. влече 1. Ранетиот го фатија и го повлекоа по тревата. Коњот одвај ја повлече колата. Локомотивата се огласи и ги повлече вагоните. б) Тргне, потргне некого или нешто. Го фати за рака и го повлече. Ја повлече завесата. Нагло ја повлече сопирачката на колата. Го повлече чкрапецот на пушката. в) Забере некого, одведе настрана со себе; привлече кон себе. Го повлече надвор да поразговараат. Нечии раце го повлекоа. Мајката го повлече и го гушна детето. 2. а) Поведе по себе, привлече некого. Сега со себе ќе повлече и други. Ќе нè повлечат и нас да влеземе во расправија. б) Стане причина за нешто, за нечија постапка. Љубопитноста го повлече да погледне. Нешто го повлече да им се придружи. Една грешка ќе повлече и друга. 3. Однесе, завлече со себе. Толпата ги повлече и нив. Поројот ја повлече сета нечистотија. Водата не можеше да ги повлече тешките трупци. 4. Врати назад, отстапи. По нападот командантот го повлече одредот. 5. Вовлече во себе, вшмука; вдише. Запали цигара и повлече. 6. (прен.) Обележи, означи, разграничи; направи линија. Повлече бразда. Повлече граница. Повлече црта. 7. (прен.) Откаже, објави за неточно, поништи важност на нешто (искажан збор, наредба, закон, предлог, кандидатура итн.). ● се ~ 1. Се помести наназад. Тој се повлече, со рацете готови за одбрана. 2. Отстапи, се врати, прекине напредување. Непријателот ноќта се повлекол. Главнината на војската се повлече кон полето. 3. Престане да се шири, да се развива. Водата се повлече во своето корито. Болеста малку се повлече. 4. Се прибере во определен простор, објект. Војската се повлече во касарната. Мажите се повлекоа да пушат. Селаните се повлекоа по куќите. 5. Се откаже од својот став, тврдење, барање и сл. Кога виде дека нема право, се повлече. 6. (прен.) Се осами, се затвори во себе; престане да општи, да се дружи. По смртта на синот, се повлече и ретко можеше да го видиш. По неуспехот на изборите, се повлече од политиката. ◊ Повлече нога ‒ прв почне да прави нешто што се покажало добро и се презема од другите. ‖ (се) повлекува, (се) повлекуваат / (се) повлечува, (се) повлечуваат несв. ‖ глаг. им. повлекување / повлечување ср.