повод 1

Именка, машки род

Значење на повод:

Тоа што е поттик или околност да се преземе нешто за кое има друга причина. Сакаше да се шегува, и во секоја работа наоѓаше повод за тоа.

Множина: поводи.

Фразеолошки израз / поговорка:

Даде повод (за нешто) ‒ послужи како поттик за нешто. Без повод ‒ без оправдување, без да е предизвикан. По повод на ‒ во однос на, во врска со нешто, поради нешто.

Оригинални податоци:

повод1, мн. поводи м. Тоа што е поттик или околност да се преземе нешто за кое има друга причина. Сакаше да се шегува, и во секоја работа наоѓаше повод за тоа. ◊ Даде повод (за нешто) ‒ послужи како поттик за нешто. Без повод ‒ без оправдување, без да е предизвикан. По повод на ‒ во однос на, во врска со нешто, поради нешто.