поврат
Само во еднина.
Значење на поврат:
1. Враќање на тоа што е земено. Поврат на пари. Добиле помош без поврат.
2. Враќање назад, на старото место. Оттаму поврат ќе нема. На секој поврат дома, стражарот ме загледуваше.
3. (прав.) Повторување на престап, на деликт. Злосторството извршено во поврат повлекува построга казна.
Оригинални податоци:
поврат (само едн.) м. 1. Враќање на тоа што е земено. Поврат на пари. Добиле помош без поврат. 2. Враќање назад, на старото место. Оттаму поврат ќе нема. На секој поврат дома, стражарот ме загледуваше. 3. (прав.) Повторување на престап, на деликт. Злосторството извршено во поврат повлекува построга казна.