повратен
Значење на повратен:
1. Што се враќа, што може да се врати; што треба да се врати. Повратна сила. Повратно дејство. Повратна информација. Повратни парични средства.
2. Што служи за враќање (во превоз, патување). Повратна карта. Повратна виза.
Членувана форма: повратниот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Повратен глагол (грам.) ‒ што означува дејство, насочено кон вршителот на тоа дејство (на пр. се мие, се чешла). Повратна заменка (грам.) ‒ себе, се, си, од кои се влегува во состав на повратен глагол.
Оригинални податоци:
повратен, повратниот прид. 1. Што се враќа, што може да се врати; што треба да се врати. Повратна сила. Повратно дејство. Повратна информација. Повратни парични средства. 2. Што служи за враќање (во превоз, патување). Повратна карта. Повратна виза. ◊ Повратен глагол (грам.) ‒ што означува дејство, насочено кон вршителот на тоа дејство (на пр. се мие, се чешла). Повратна заменка (грам.) ‒ себе, се, си, од кои се влегува во состав на повратен глагол.